ЗАЕВ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ЗА ДА НЕ БИДЕ ПРИФАТЕНА Ковачки вели дека СДСМ не си стои на зборот
СДСМ не си стои до зборот и повторно ги потценува граѓаните. Политиките на Заев и неговиот систем се жестоко поразени. Народот гласаше за промени. Ова што сега го гледаме од СДСМ е препелкање во сопствената кал и продлабочување на поразите, реагираше Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.
Зоран Заев самиот изјави дека доколку ги загуби овие избори дека ќе си поднесе оставка. Заев убедливо загуби во целата држава и изјави дека се повлекува. Од таа изјава до денеска гледаме како клиентелистите и неговите послушници готват амбиент за неповлекување и неподнесување на одговорност, рече Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.
– Зоран Заев повторно блефираше и остана на Фејсбук оставка, но не ја достави со допис до Парламентот. Оттука се гледа дека оставката на Заев е иста како и оставката на Филипче, ја поднесе за да не биде прифатена и потоа да одбегне одговорност. СДСМ не си стои до зборот и повторно ги потценува граѓаните. Политиките на Заев и неговиот систем се жестоко поразени. Народот гласаше за промени. Ова што сега го гледаме од СДСМ е препелкање во сопствената кал и продлабочување на поразите. Заев е човек кој не држи до сопствениот збор. Дали на повидок е уште една голема лага на Зоран Заев? И дали Заев нема да си опстои и на ова свое ветување? Дали на овој начин ќе избега од одговорност за бруталните злоупотреби, изборни нерегуларности и притисоци? Доста е со поигрување со волјата на граѓаните. Владата повеќе нема никаков кредибилитет и истата е детронизирана. Системот на Заев е поразен. Време е за промени – рече Ковачки.