Заев: Нема газда кој вработува по етнички клуч, тоа е неуставно и готово

996

Неуставно е субвенционирање за вработувања по етнички клуч, изјави премиерот Зоран Заев во „Само интервју“ на Канал5.

Според него, нема газда на приватна компанија кој вработува етнички. Тој рече дека владата мора унисоно да излегува со ставови за ова прашање, откако министри од ДУИ и од СДСМ различно се произнесоа дали во владината програма е предвидено субвенционирање на приватни компании кои ќе вработуваат по етничка основа.






Неуставно е етничко субвенционирање на приватни фирми. Нема таков газда кој вработува по етнички однос. Неуставно е и готово – рече Заев.

Поврзани содржини