ЗАЕВ НЕМА ДА ОДИ НА ИЗБОРИ Владата има стабилно парламентарно мнозинство

Имаме стабилно парламентарно мнозинство, очекуваме и зголемување на мнозинството, не очекуваме предвремени парламентарни избори, напротив – до редовните избори во јуни 2024 година Владата ќе се посвети на силен развој на економијата, изјави Заев на средбата со Линхарт. 

555

Премиерот Зоран Заев на денешниот состанок со федералниот министер за надворешни работи на Република Австрија, Михаел Линхарт рече дека Владата има стабилно парламентарно мнозинство и очекува негово зголемување.

Како што соопшти владината прес-служба, Заев истакнал дека не очекува да има предвремени парламентарни избори.






-Имаме стабилно парламентарно мнозинство, очекуваме и зголемување на мнозинството, не очекуваме предвремени парламентарни избори, напротив – до редовните избори во јуни 2024 година Владата ќе се посвети на силен развој на економијата – изјави Заев на средбата со Линхарт.

Заев утре ќе се сретне со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши на која треба да се разговара за можноста за приклучување на пратениците на Алтернатива во парламентарното мнозинство и за влез во Владата.

Како што потврдија од СДСМ, средбата треба да се одржи во 15:30 часот во Клубот на пратеници.

Поврзани содржини