Заев: Нема да има нови карантини

548

Премиерот Зоран Заев во интервју на Канал 5 вечерва изјави дека нема да има воведување нови карантини поради пандемијата од ковид-19 за да не дојде до уништувње на економијата.

– Ако ме прашувате дали ќе има карантини? Не. Зошто? Да ја ништиме економијата, да го ништиме социјалниот живот на граѓаните? Не, но важно е да ги почитуваме тие мерки, посебно затоа што залади времето, паѓаат температурите, дефинитивно ќе растат и бројките, нема да ја уништуваме економијата – рече Заев.






Тој објасни дека засега се размислува пред се како да ги наградат здравствените работници, кои беа во првите редови на здравствената криза.

– Имаме доволно болнички капацитети, им симнувам капа на здравствените работници и на Комисијата за заразни болести – рече Заев и повика граѓаните да ги почитуваат пропишаните мерки за заштита и да внимаваат при организирње прослави и свадби.

Тој одговараше и на прашање за македонско бугарските односи.

– Прашањето за Гоце Делчев е за решавање во рамки на Комисијата, а не е на политиката. Сакаме ова прашање да го реши Комисијата, како што најде добри решенија за Свети Кирил и  Методиј, Свети Наум, Климент Охридски и цар Самоил, да го реши и ова во духот на таа заедничка историја,  заради заедничко славење. Верувам дека ќе го најдат решението и за Гоце Делчев, наше е да охрабриме – рече Заев и нагласи дека договорот со Бугарија треба да обединува, да прави мостови на пријателство и ниедна страна да не се обидува да присвојува нешто.

Тој истакна дека е многу важен пријателскиот договор склучен со Бугарија и нагласи дека од неговиот бугарски колега, премиерот Бојко Борисов нема никаква закана ниту коментар кон Северна Македонија.

Ако финансиската поддршка не стигне до работниците, компаниите ќе добијат кривични пријави – рече  Заев во интервју за ТВ Канал 5.

– Апелирам да на се повторат пропустите од претходниот период и работодавачите да ги почитуваат мерките и целта која сакаме да ја постигнеме. Освен тоа го стимулираме и враќањето на отпуштените работници и ако некоја компанија го направи тоа, ќе се стекне со правото да аплицира за оваа мерка, и јас ги повикувам да го направат тоа -додаде премиерот.

Тој го образложи механизмот на скалесто одредување на висината на финансиската поддршка за плати во стопанството, во зависност од висината на штетите во работењето од последиците од ковид-19, како новина во четвртиот пакет мерки кој ќе опфати 83.000 вработени, за 250.000 плати за три месеци, за што се предвидени 70 милиони евра.

Поврзани содржини