ЗАЕВ НА СРЕДБА СО АХМЕТИ, КАСАМИ И ТАЧИ Ќе се дискутира за состојбите во коалицијата?

По поразот на локалните избори, Заев синоќа поднесе оставка од премиерската и од функцијата претседател на СДСМ.

1,842

Премиерот во оставка Зоран Заев најверојатно попладне ќе седне на маса со лидерите од владината коалиција за да прецизираат како ќе се дејствува понатаму.

Средбата следува по оставката на Заев од премиерската и од претседателската функција на партијата, објави „Слободен печат“, цитирајќи изјава на висок функционер од владата.






– Се уточнува терминот за средбата меѓу Заев со лидерите на ДУИ Али Ахмети, на Беса Билал Касами и на ДПА Мендух Тачи. Очекувањата се дека попладнево ќе се разговара за оставката на премиерот, за новиот мандатар, разјаснување на позициите на партнерите во владата и како понатаму – вели функционерот.

По поразот на локалните избори, Заев синоќа поднесе оставка од премиерската и од функцијата претседател на СДСМ.

Поврзани содржини