ЗАЕВ МИ НУДЕШЕ 500.000 ЕВРА ЗА ДА ПРЕМИНАМ ВО ВЛАДИНОТО МНОЗИНСТВО Крмов од Левица тврди дека имало обиди да биде поткупен

Почнаа од 100.000 евра, завршија со 500.000 евра. Зоран Заев, нели, ќе ја окрупнуваше коалицијата. Они и претходно така купувале и проба и нас да не купи, ама погрешно проценил – рече Крмов.

3,226

СДСМ на чело со Зоран Заев му нудела на пратеникот на Левица, Борислав Крмов 500.000 евра за да премине во владејачката коалиција, открива пратеникот во вчерашното гостување во емисијата „Тешки муабети“ на Инфомакс.

– Почнаа од 100.000 евра, завршија со 500.000 евра. Зоран Заев нели ќе окрупнуваше коалицијата, они и претходно така купувале и проба и нас да не купи, ама погрешно проценил – рече Крмов.






Понудата била дадена од поранешниот лидер на СДСМ Зоран Заев во периодот кога тој имаше најава за окрупнување на мнозинството. Пратеникот Крмов додаде дека ова било пракса и претходно, а тврди дека не единствениот кој добивал вакви понуди.

 

 

Поврзани содржини