Заев: Кажете од кого очекувате одговорност, јас мислам дека не треба никој да сноси
Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџоски на денешната прес-конференција вели дека не гледа причина бидејќи, како што кажа, не утепал никого.
Премиерот Зоран Заев на новинарско прашање дали тој или министерот за здравство или членовите на Комисијата за заразни болести чувствуваат одговорност поради, според прашањето, задоцнети рестриктивни мерки, одговори негативно. Апсолутно, нема потреба од одговорност. Ако има конкретна причина, освен мачнотија во душата кај сите нас, кажете. Овде сме да им служиме на граѓаните. Овие луѓе, почнувајќи од министерот Филипче, па сѐ до здравствените работници, се херои и лично ќе им давам медали”, рече Заев.
– Кажете каква одговорност барате. Дали моја оставка, или на Филипче? Оставката не е проблем. Нашите здравствени власти прават максимум. Тие се нашите херои, од Филипче до секој здравствен работник. Подготвуваме ордени и благодарници и јас лично ќе ги делам. Ако мислите дека одговорноста ќе помогне, грешите. Секогаш се носат мерки кои се врз база на анализите и се слични со тие во други земји. Немаме економски приоритети на сметка на здравствените приоритети. Економски сме добри, но сепак не треба да предизвикуваме опасност за економијата. Нема да понесам и нема да барам одговорност. Верувам дека се потребни позитивни вести. Апсолутно, нема потреба од одговорност. Ако има конкретна причина, освен мачнотија во душата, кажете. Овде сме да им служиме на граѓаните – рече премиерот Заев на новинарско прашање дали и кој ќе понесе одговорност поради, според прашањето, задоцнетите мерки кои се најавени денеска.
Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџоски на денешната прес-конференција вели дека не гледа причина бидејќи, како што кажа, не утепал никого.
– Зошто од британскиот премиер Борис Џонсон не се побара одговорност, зошто не од канцеларката Ангела Меркел или од италијанскиот премиер, во времето кога таму имаше по ходниците во болниците болни, а кога овде во Македонија ние успешно се справувавме? Тенденциозно е да се бара одговорност, претпоставувам и од Комисијата барате одговорност. Ние за сѐ информиравме. Филипче е тој што редовно ја информирал Владата. Зошто одговорност? Далу сум убил човек“? – вели Караџовски.