Заев и министрите се сретнаа со Пендаровски (ФОТО)

382

По изборот на составот на новата Влада од страна на Собранието на Република Северна Македонија, денеска претседателот Стево Пендаровски го прими премиерот Зоран Заев и членовите на Владата.

„Претседателот Пендаровски им честиташе на премиерот и членовите на Владата за нивниот избор, им посака успех и да ја оправдаат довербата којашто ја добија од граѓаните на предвремените парламентарни избори. Истовремено, претседателот Пендаровски посочи дека очекува новиот владин состав успешно да работи на клучните прашања за државата, односно интеграцијата во Европската Унија, борба со корупцијата, зајакнување на економијата и подобрување на животниот стандард на граѓаните“, наведено е во соопштението од Кабинетот на претседателот.

Поврзани содржини