Заев и Филипче си возат мотори, социјалните мрежи вријат (ФОТО)

„Некогаш патиштата се разминуваат, но некогаш се вкрстуваат“, напишал еден од моторџиите кој ја објави фотографијата на Фејсбук.

10,399

Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче повторно заедно излегоа на патиштата за да се повозат со своите мотори и да го искористат сончевото време.

На социјалните мрежи кружат фотографии на кои се гледа како премиерот и министерот се во друштво со други моторџии.






„Некогаш патиштата се разминуваат, но некогаш се вкрстуваат“, напишал еден од моторџиите кој ја објави фотографијата на Фејсбук.

Од друга страна, пак, токму овие фотографии ја разбрануваа јавноста и предизвикаа лавина коментари.

„Премиерот и министерот си возат мотори додека народот се вакцинира во Србија“.

„Наместо во првите борбени редови против пандемијата, Заев и Филипче си возат мотори по патиштата“.

„Немаме вакцини, ама затоа имаме мотори“.

„Во моментов 40 фамилии организираат погреби, а премиерот и министерот брмчат со моторите“.

Поврзани содржини