ЗАЕВ И ДИМОВА ЈА ПРАЗНЕЛЕ АГЕНЦИЈАТА ЗА ЕВРОПСКИ ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ И МОБИЛНОСТ КАКО ДА Е НИВНА ФИРМА Не постои институција во која СДСМ нема направено криминал, обвини Манасиевски

СДСМ нека си ги проверува своите редови и криминалите што ги има направено. Знаеме дека се многу и понекогаш можеби ги забораваат, но затоа тука сме ние да ги потсетиме и да го повикаме ЈО да си ја извршува работата, порача Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

2,662

Во своето 7 годишно владеење, не постоеше институција во која СДСМ немаше направено криминал. СДСМ, Филипче и Заев се синоним за криминал, корупција и неспособност. Нема институција во која не влегоа и не оставија пустош кога излегоа, обвини Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Затоа, пред да излезат повторно со прес-конференции и соопштенија, СДСМ прво да си го погледнат својот двор. Нивниот двор е полн со луѓе кои извршувале јавни функции и скоро па да нема некој кој не бил поврзан со некаков сомнеж или пак сторен криминал. Лидија Димова како член на СДСМ и како директорка на Агенцијата за европски образовни програми и мобилност, ја злоупотреби службената положба и проневери заедно со уште две лица, околу 20 милиони денари, со што Димова направи две кривични дела. За конкретниот случај, таа беше и обвинета од страна на ОЈО ГОКК. За овој случај СДСМ се тивки, и не зборат, и можеби ќе речат дека Лидија Димова не ја познаваат. Исто така, да ја потсетиме јавноста, дека тогашниот премиер Заев ја присили Димова да не ја поднесува пријавата за сторен криминал од 2,2 милиони евра, пари кои потоа Европската заедница си ги бараше назад. Токму овие пари завршиле кај исти луѓе и тендерите ги добиле исти две фирми поврзани со овие луѓе. Оваа мрежа имала своја логистика во Националната агенција, а првопријавеното лице и во кабинетот на премиерот, е како близок пријател на еден од националните координатори во тогашната влада – истакна Манасиевски.






Заев и Димова, додаде тој, си ја користеле Агенцијата како своја приватна фирма и ја испразниле касата за над 2,5 милиони евра.

– Очигледно е зошто кога ќе се спомне СДСМ, на јавноста ѝ се асоцира криминал и корупција. СДСМ нека си ги проверува своите редови и криминалите што ги има направено. Знаеме дека се многу и понекогаш можеби ги забораваат, но затоа тука сме ние да ги потсетиме и да го повикаме ЈО да си ја извршува работата – рече Манасиевски.

Поврзани содржини