Заев: Ќе се вакцинирам како пример, но предност имаат здравствените работници и хронично болните

Заев најави дека државата заедно со медиумските работници ќе развие стратегија за преку јавна кампања за подигање на свеста кај граѓаните и да се доближат до населението сите важни информации во врска со вакцинацијата за да се обезбеди масовна вакцинација.

484

На прашањето за обезбедување на вакцините и тоа конкретно по месеци и количини, премиерот Заев вечерва во вестите на ТВ Сител посочи дека од Министерот за здравство добил потврда дека од компанијата „Фајзер“ пристигнуваат  првите 5.850 во февруари, од вкупно 800.000 колку што е договорено, но и дека е возможно регистрирани вакцини од регистрирани компании и одобрени од Светската здравствена организација да пристигнат и порано.

– Ветено е дека ќе добиеме одредени количини, тоа е европска солидарност, тие ги добија првите количини, а веќе стасуваат и вторите количини во најави. Само пет проценти ако споделат со Западен Балкан, заедно ќе одиме со Европската Унија со задоцнување од една недела или две зад нив – рече премиерот Заев кој истакна дека е најважно да стигнат вакцините до граѓаните и дека Северна Македонија има средства да набави  вакцина, од било која група.






– Важно е да стигнат на време. Затоа што најважно е да ги заштитиме медицинскиот персонал, час поскоро е добро тоа да се случи. Втората работа е психолошкиот ефект, ќе олабави малку грижата и тоа е важно за секојдневното психолошко функционирање на граѓаните и на економијата. Имаме најави и со Кина за околу 200.000 вакцини за овој месец, но ќе видиме кои се условите. Кина има пет вакцини кои ги поминале фазите и тие веќе се дистрибуираат надвор од Кина и две во фаза на тестирање. Чекаме и од ЕУ од Ковакс механизмот, од кои 100 милиони вакцини се за Западен Балкан – рече премиерот.

Премиерот Заев за најавите и точните бројки на вакцини кои ќе пристигнат од европските земји и нашите соседи, како  Австрија, Полска, Бугарија, Грција, рече дека и тие добиле десет пати помали количини од најавените вакцини и изрази надеж дека динамиката на продукција и испорака на вакцини во следниот период ќе биде посоодветна од претходно најавената.

Тој посочи дека се прават напори и за обезбедување на вакцини и овој месец во јануари.

– Секако дека ќе се вакцинирам, но, без да ги кршам протоколите, да не бидам пред медицинските работници, пензионерите и хронично болните,  јас ќе го дадам примерот и ќе се вакцинирам за да испратам порака дека таа е здрава, безбедна. И сега ја користам приликата да апелирам до сите граѓани, дека според светските експерти таа е исправна и треба сите да ја примиме, освен за оние групи за кои лекарите ќе го исклучат тоа – рече премиерот Заев кој додаде дека вакцинацијата ќе се врши најпрво кај медицинските работници, пензионерите, хронично болните, а потоа кај останатите граѓани.

Заев најави дека државата заедно со медиумските работници ќе развие стратегија за преку јавна кампања за подигање на свеста кај граѓаните и да се доближат до населението сите важни информации во врска со вакцинацијата за да се обезбеди масовна вакцинација.

Поврзани содржини