ЗАЕВ ДОНИРАШЕ 6 МОТОЦИКЛИ ЗА МВР Спасовски рече дека Фондацијата Заев е силен сојузник на полицијата
Фондацијата Заев денеска (06.11.2023) донираше 6 мотоцикли за потребите на Министерството за внатрешни работи.
Директорот на Фондацијата, Зоран Заев, ја предаде донацијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, со цел подобри резултати на повеќе организациони единици при Министерството.
„Министерството за внатрешни работи има силен сојузник во Фондацијата Заев, чијашто помош и поддршка се од огромно значење за дополнително зајакнување на капацитетите, а со цел зголемување на ефикасноста при оперативното работење на единиците при МВР. Тоа значи дека го модернизираме возниот парк по највисоки стандарди, а со тоа придонесуваме кон уште поголема безбедност на граѓаните и државата“, се наведува во соопштението од МВР.
Министерот Спасовски, во свое и во име на МВР, изрази благодарност до Фондацијата Заев за оваа, како што рече, важна донација, при што истакна дека безбедноста зависи од секој еден, ја креираат сите општествени чинители, и е од клучна важност да се препознае општествената одговорност, а потоа и да се дејствува во таа насока.
Спасовски потенцира дека мотоциклите се наменети исклучиво за оперативната работа на полициските служби.