Заев: Димитриевски е еден од главните кандидати за уште еден мандат во Куманово

629

Со Максим сме другари и социјалдемократи и секогаш ги утврдуваме најдобрите. Максим е еден од главните кандидати, но имаме и други кандидати, рече премиерот Зоран Заев, во денешното обраќање од Куманово а во врска со локалните избори и кандидатурата на Максим Димитриевски, актуелен градоначалник.

– СДСМ секогаш ќе го понуди најдоброто како во Куманово, така и во сите општини ширум државата – рече Заев.






Toj ги коментираше најавите од ВМРО-ДПМНЕ дека ќе го блокира во Собранието Законот со кој ќе бидат воведени зелени такси за нафтените деривати и некои енергенси.

Заев порача дека ако сакаме повеќе зелени површини, законот не треба да се блокира.

– Верувам дека согласно Деловникот, законите треба да се гласат „за“ или „против“ и верувам дека ќе се изнајдат начини за да ги продолжиме политиките важни за граѓаните. Ако сакаме повеќе здравје, почист воздух и повеќе зелени површини, мора да ги следиме европските политики. Зелената такса што се воведува, доаѓа во време кога се укинуваат трите денари акциза што беше воведена кога цената на нафтата беше најниска. Очекуваме другата недела да помине 600 долари барел и веднаш паѓаат самите такси, така што немаме во просек некое зголемување, но ќе имаме огромен фонд кој во една година значи не помалку од 55 милиони евра. Тоа се пари за зелени површини, пари за обновливи извори на енергија, енергетска ефиканост кои значат многу за државата. Да застанеме сите и ваквите процеси да ги поддржиме – изјави Заев.

 

Поврзани содржини