Заев – Ципрас: Договорот од Преспа ја обврзува ЕУ да ги тргне пречките за евроинтеграцијата на С Македонија
Три години од потпишувањето на Договорот од Преспа на 17 јуни 2018 година, секојдневно доаѓаат придобивките од решавањето на тридеценискиот спор со кој се воспостави стратешко пријателство меѓу С Македонија и Грција, се согласиле премиерот Зоран Заев и поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас на средбата на „Преспа форум“.
– Суштината што во себе ја носи Договорот од Преспа со својата сила и значење ја обврзува ЕУ да ги тргне пречките за евроинтеграцијата на Северна Македонија и Западен Балкан – сметаат Заев и Ципрас.
На средбата беше констатирано дека спроведувањето на одредбите од договорот оди со добра динамика и дека спогодбата која обезбеди вин-вин решение за двете земји овозможува отворена и постојана комуникација меѓу Скопје и Атина без разлика кој е на власт во С Македонија и во Грција и во интерес на просперитетот и граѓаните на двете земји, соопштија од Владата.