ЗАЕВ БИЛ ПОДГОТВЕН ДА ТРГУВА СО ДЕЛОТО НА ДЕЛЧЕВ? ВМРО-ДПМНЕ обвинува и прашува дали за тоа знаел Ковачевски

Сега е јасно и зошто СДСМ бегаше како ѓавол од темјан од гласање на Декларација за ликот и делото на Гоце Делчев во Собранието по повод јубилејот од неговото раѓање. Се покажа целиот карактер на СДСМ. Ред анационални политики, ред лаги, ред тргување со државните интереси, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

689

„Во јавноста и медиумите излезе потврда дека Зоран Заев бил подготвен да тргува со ликот и делото на Гоце Делчев, заедно со уште други историски личности“.

Вака се вели во соопштение утринава од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата прашуваат дали актуелниот премиер Ковачевски знаел за ова. Во продолжение го објавуваме текстот во целост:






„Ова на виделина ја вади лицемерноста на СДСМ. Кога целокупната јавност стравуваше дека Заев е подготвен да направи ваков анационален чекор, тие без срам и перде тврдеа дека тоа не е точно. Сега гледаме дека било и тоа како точно, ама СДСМ ја лажеле јавноста.

Кој му го дал тоа право на Заев да се пазари со ликот и делото на Гоце Делчев?

Дали и Ковачевски како дел од владата учествувал во ваквото раскрчмување на националните и државните интереси?

Сега е јасно и зошто СДСМ бегаше како ѓавол од темјан од гласање на Декларација за ликот и делото на Гоце Делчев во Собранието по повод јубилејот од неговото раѓање. Се покажа целиот карактер на СДСМ. Ред анационални политики, ред лаги, ред тргување со државните интереси.

Се потврди дека далеку од очите на јавноста, опозицијата, парламентот, експертите, ликови како Заев и Ковачевски на маса се пазарат со ликовите и делата од македонската историја само за да зачуваа фотелја некој месец повеќе.

Народот виде и народот ќе ги казни“, се вели во соопштението.

 

Поврзани содржини