Заев: Џафери го прекриши Уставот, но нема да барам негова одговорност
Премиерот смета дека политичарите треба да дадат пример со почитување на Уставот.
Премиерот Зоран Заев смета дека собранискиот спикер Талат Џафери со обраќањето на албански јазик во европскиот парламент го прекршил Уставот, но нема да бара од него одговорност за тоа.
– Талат Џафери го прекрши Уставот со тоа што се обрати во европскиот парламент на албански јазик. Имаше три сесии, на двете се обрати на македонски, на третата на албански. Нема да побарам одговорност, очекувам од претседателот да објасни. Политичарите треба да тргнеме од себе и да бидеме пример како треба да се однесуваме, односно да го почитуваме Уставот – рече Заев во иџзјава по отворсање на затворен пазар во Виница.
За разлика од премиерот, ВМРО-ДПМНЕ најави тужба за собранискиот спикер поради тоа што не го почитувал Уставот и на меѓународно ниво се обратил на албански јазик спротивно на Уставот.