ЗАЕВ ЈАДЕШЕ ЖИВИ ЛУЃЕ, А ФИЛИПЧЕ МУ СЕ ВОСХИТУВА Партиско наследство или копија?

Очигледно е дека Венко Филипче премногу се заживеал во улогата на чувар на тронот во СДСМ, па во целост го презел карактерот на Заев, рече Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

344

Венко Филипче беше многу дециден, кажа дека од Заев народот треба да учи и дека нема друг како него. Во едно сме сигурни, канибал како Заев, кој пред избори најави дека ќе јаде живи луѓе и го стори тоа, нема, изјави Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Дали Венко Филипче се води од методите на Заев и дали и тој сака да јаде живи луѓе? Дали Венко Филипче сонува да дојде на власт, за од чистачка до министер да вработува по партиски клуч со книшка на СДСМ, како што тоа Заев го кажуваше во Валандово, а потоа и го реализира? Дали Венко Филипче се води по примерот на Заев и сака да биде ист како него? Очигледно е дека Венко Филипче премногу се заживеал во улогата на чувар на тронот во СДСМ, па во целост го презел карактерот на Заев. Венко Филипче треба да знае дека народот одамна го испрати Заев и неговите политики во историјата. А тој е на добар пат да му се придружи – рече Манасиевски.

Поврзани содржини