Заев: Ја имаме првата блокада и непријателска порака од Бугарија, многу неубаво чувство

Ја имаме првата блокада од Бугарија. Денеска е прекршен тој Членот 2 од Договорот, ние ништо досега не сме прекршиле. Ова е прво непријатно чувство, рече премиерот Зоран Заев.

4,790

Ја имаме првата непријателска порака и блокада од Бугарија за преговарачката рамка, рече премиерот Зоран Заев за време на увидот на магестралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар.

– Ја имаме првата блокада од Бугарија. Денеска е прекршен тој Членот 2 од Договорот, ние ништо досега не сме прекршиле. Ова е прво непријатно чувство. Треба да бидеме паметни и да го решиме спорот на пријателски начин, денеска е испратена не така пријателска порака од соседна Бугарија, првиот чекор е блокиран. Членот два од Договорот за добрососедство вели дека Бугарија треба да нè поддржува кон патот за интеграција. Бугарската страна ќе го сподели своето искуство со цел да ѝ помогне на Република Северна Македонија да ги исполни неопходните критериуми за членство во Европската Унија и ќе ја поддржи Република Северна Македонија за добивање покана за членство во НАТО согласно соодветните одлуки од средбите на врвот на НАТО. Ова стои во Членот 2 од Договорот за добрососедство со Бугарија. Среќен сум што ја имаме поддршката од страна на Германија – изјави Заев.






Тој сепак смета дека не треба да се прави драма иако, како што рече, испратена е неубава порака од бугарска страна. Премиерот е оптимист дека на следните два состанока на работните групи може да се приближат ставовите, а се надева и на позитивен исход од средбата со бугарскиот колега Бојко Борисов во понеделник.

Поврзани содржини