Мандатарот Зоран Заев во присутво на 19 министри ја достави до Собранието предлог програмата и кадровските решенија за новата влада. Тој очекува идната недела Собранието да ја гласа и да има функционална влада.
– До Собранието ги доставуваме предогот програма за работа и новиот состав на владата. Граѓаните го потврдија паравецот го кажаа својот став кој го преточувме во програм. Граѓаните ќе добијат стабилна влада која останува на правецот на евроинеграциите, справување со коронавирус, одржлив развој модерно образование. Како мандатар го доставувам предлогот за влада која е подготвена да сработи во полн четиригодишен мандат – рече Заев.
Тој додаде дека програмата на новата влада ја отсликува посветеноста на сите партии кои ја сочинуваат за прочистување на правосудството, посветеноста да продои со реализација на договорите со Грција, Бугарија и со Охридскиот договор.Заев рече дека новата влада ќе се посвети на сериозни инвестиции во јавното здравство за борба против коронавирусот. Столб, на владата е и борба за подобра животна средина.
– Ова се принципи и вреднопсти по кои ќе се води нова влада. Предлагам одговорни и отчетни кадри кој ќе работат за граѓаните. Очекувам дека од селедна недела ќе има нова валда. И меѓнародната и домашната пракса потврдува дека со 62 пратеници може стабилно да се функционира. Парламентарното мнозинство се тие кои ја преземаат најголемата одговорност. Направивме план за рационализација еднаш во две недели ќе има ден за гласање. Верувам дека стабилноста на владата зависи од успешноста на политики и служењето на граѓаните од кои сме избрани. Следува четиргодишен, неповторлив период за граѓаните. Подготвени сме кога претседателот и пратениците ќе утврдат да се закаже седницата. Очекувам следната недела да имамае функционална влада – рече Заев на новинарско прашање дали тесното мнозинство ќе е хендикеп за функционирањето на Собранието и на владата.
Во новата влада СДСМ ќе има 11 министри, од кои осум со ресор и тројца вицепремиери кои ќе бидат предложени како министри без ресор со одредена надлежност.
Покрај Заев како премиер, членови на Вадата ќе бидат и Љупчо Николовски како вицепремиер за борба против корупцијата, Фатмир Битиќи – вицепремиер за економија, Никола Димитров – вицепремиер за европски прашања, Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи, Радмила Шекеринска – министерка за одбрана, Бојан Маричиќ – министер за правда, Благој Бочварски – министер за транспорт и врски, Венко Филипче – министер за здравство, Мила Царовска – министерка за образование и наука, Јахода Шахпаска – министерка за труд и социјална политика и Ирена Стефоска – министерка за култура.
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе го води Аријанит Хоџа од Беса, предизборниот коалициски партнер на СДСМ, а Горан Милевски од ЛДП ќе биде министер за локална самоуправа и во новата Влада.
ДУИ во Владата ќе има шест члена. Артан Груби ќе биде прв вицепремиер и министер за политички систем, Бујар Османи – министер за надворешни работи, Фатмир Бесими – министер за финансии, Крешник Бектеши останува министер за економија, а Насер Нуредини министер за животна средина. Министер за информатичко општество и администрација, како што објавија од ДУИ ќе биде Јетон Шаќири.