ЗАЕДНИЧКО УПРАВУВАЊЕ НА ГРАНИЦАТА Што договарале Ахмети и Курти во Приштина?

Други точки на разговор на оваа средба беа и патот Тетово-Призрен, автопатот Приштина-Скопје, заедничкото гранично управување, заедничкиот туристички центар во Попова Шапка и во Брезовица, соопшти ДУИ.

1,215

Интензивни чекори во однос на заедничкото управување со границата и заедничкото претставување на туристичките капацитети меѓу Попова Шапка и Брезовица договориле лидерот на ДУИ Али Ахмети и премиерот на Косово, Албин Курти, денеска на средба во Приштина.

На оваа средба Ахмети и Курти разговарале за состојбата со пандемијата во двете држави, за состојбата во здравствените установи и за олеснувањето и отстранувањето на мерките, како и за меѓуграничното движење.






„Други точки на разговор на оваа средба беа и патот Тетово-Призрен, автопатот Приштина-Скопје, заедничкото гранично управување, заедничкиот туристички центар во Попова Шапка и во Брезовица, политичката ситуација во регионот, дијалогот меѓу Скопје и Софија, Белград и Приштина, итн. Двајцата соговорници разговараа и за поврзувањето на нашите два автопати Приштина-Блаце-Скопје, проект со многу приоритети за двете страни и кој се очекува наскоро да биде завршен“, се наведува во партиското соопштение за средбата.

„Дел од разговорот меѓу Ахмети и Курти беше и дијалогот Косово-Србија, процес кој треба што поскоро да се заокружи со меѓусебно признавање меѓу двете земји за да се одржи стабилноста и просперитетот на земјата и за подобра иднина на граѓаните, бидејќи според двајцата соговорници местото на целиот Западен Балкан е во големото европско семејство, во траен мир, безбедност, стабилност“, се додава во соопштението од ДУИ.

Двете владини делегации го завршиле денот со пријателска вечера.

Ахмети на средбата бил придружуван од првиот вицепремиер Артан Груби, министрите Бесими, Османи, Шаќири, Бектеши, Нуредини и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми. Таму биле пречекани од премиерот на Република Косово, Албин Курти, кој бил придружуван од министерката за образование, наука и технологија, Арберие Нагавци, министерот за финансии, труд и трансфери, Хекуран Мурати, министерот за животна средина, просторно планирање и инфраструктура, Либурн Алиу, министерот за одбрана, Арменд Мехај и шефот на кабинетот Луан Далипи.

Поврзани содржини