Г.Г. СТЕФАН И ПОРФИРИЈ НА ЗАЕДНИЧКА ЛИТУРГИЈА ВО СКОПЈЕ ВО ВТОРНИК Празникот свети Кирил и Методиј ќе биде во знак на канонското единство
На 24 мај, со почеток од 9 часот, во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, Неговата Светост српскиот Патријарх г. г. Порфириј и Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и македонски г. г. Стефан, заедно со архијереи од двете сестрински Цркви, ќе служат Божествена Литургија.
Со радост му соопштуваме на верниот народ дека од 23 до 24 мај 2022 година, во посета на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ќе престојува делегација на Српската Православна Црква предводена од Неговата Светост.
На 24 мај, со почеток од 9 часот, во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, Неговата Светост српскиот Патријарх г. г. Порфириј и Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и македонски г. г. Стефан, заедно со архијереи од двете сестрински Цркви, ќе служат Божествена Литургија.
Го повикуваме верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија да земе молитвено учество.