Задутре одлука дали ќе има полициски час за Задушница, ги знаеме семејствата со новите случаи, вели Филипче

Точно ги знаеме семејствата во скопските општини и во регионот на Кумановосо новите случаи, а засега нема податок дека е нешто непознато или може да не изненади во нов кластер. Но внимателно, одлуката ќе се донесе до четврток - рече Филипче.

2,330

Дали за претстојниот празник Задушница ќе има полициски час во земјата ќе се знае до задутре.

– Комисијата за заштита од заразни болести до четврток треба да донесе одлука за евентуално воведување рестриктивни мерки на одредени подрачја. Ќе ги анализраме бројките на новите случаи и од каде потекнуваат. Точно ги знаеме семејствата во скопските општини и во регионот на Кумановосо новите случаи, а засега нема податок дека е нешто непознато или може да не изненади во нов кластер. Но внимателно, одлуката ќе се донесе до четврок, еве во петок е празникот. Може граѓаните да не ги почитуваат  превентивните мерки – изјави министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес конференција.






Тој најави дека ќе се разгледаат регионите во населбите, па ќе има и разговор со одговорните во МВР, кои би го организирале сето тоа, бидејќи е покомпликувано кога такви мерки се прошишуваат за  голем град, како Скопје.

– Не тврдам сеуште како за викенд ќе биде движењето на граѓаните – изјави Филипче.

 

Поврзани содржини