Задоволни од Уругваецот, Атлетико му нуди нов договор на Суарез

Според весникот „Марка“, мадридскиот клуб е уверен во голгетерските способности на 34-годишниот Уругваец и сака да го продолжи договорот со фудбалерот до 2023 година.

239

Раководството на шпанскиот фудбалски шампион, Атлетико Мадрид, се обидува да го продолжи договорот со Луис Суарез.

Според весникот „Марка“, мадридскиот клуб е уверен во голгетерските способности на 34-годишниот Уругваец и сака да го продолжи договорот со фудбалерот до 2023 година.






Суарез игра за Атлетико од летото 2020 година. Во сезоната 2020/21, напаѓачот одигра 38 натпревари за тимот, постигна 21 гол и три асистенции.

Актуелниот договор на играчот е со важност до крајот на јуни 2022 година.

Поврзани содржини