Задолжителен ковид-тест при влез во Норвешка
Ако овој вид се прошири во Норвешка, тоа веројатно ќе доведе до целосно затворање на населението - рече норвешката премиерка Ерна Солберг.
Сите патници по пристигнувањето во Норвешка мора да бидат тестирани за ковид-19 во рок од 24 часа по влегувањето во земјата, објави Министерството за правда за мерката, која стапува на сила на 2 јануари.
Со цел да се бори против ширењето на новиот вид коронавирус, кој прв пат беше откриен во Велика Британија, патниците кои пристигнуваат во Норвешка од сите дестинации ќе треба да бидат тестирани на одредени места, а помалите гранични премини ќе бидат затворени.
– Ако овој вид се прошири во Норвешка, тоа веројатно ќе доведе до целосно затворање на населението – рече норвешката премиерка Ерна Солберг.
Норвешка, како и другите европски земји, го запре сообраќајот од Обединетото Кралство на 21 декември по извештајот за нов вид коронавирус кој се шири многу брзо.
Забраната за патување ќе трае најмалку до 2 јануари.
Во последните две недели, бројот на новоинфицирани со ковид-19 на 100.000 жители во Норвешка беше 113,6, што ја прави четврта земја со најмал број случаи, веднаш зад Исланд, Грција и Финска, според Европскиот центар за превенција и контрола на болести.