📷 ЗАД НЕГОВИОТ УСПЕХ СТОИ НЕЈЗИНАТА ЉУБОВ Новак Ѓоковиќ напиша емотивна порака што го разнежни светот
Бескрајно сум благдарен на мојата сопруга, која е столбот на нашата куќа и која е најдобрата мајка за нашите деца што би можела да ја посакам. Нејзината поддршка и љубов, како и љубовта на моето семејство, ми дадоа голема сила и стабилност да постигнам историска сезона - напиша Ѓоковиќ.
Новак Ѓоковиќ преку порака на Инстаграм ја сумираше неверојатната 2023 година, а во неа посебно место и посветува на својата сопруга Јелена. Најдобриот светски тенисер прво и се заблагодари на Јелена за нејзината љубов и поддршка, а потоа и на семејство и на неговиот тим истакнувајќи дека тие му дале сила за оваа историска сезона.
„Ова беше незаборавна сезона која вечно ќе ја паметиме. Бескрајно сум благдарен на мојата сопруга, која е столбот на нашата куќа и која е најдобрата мајка за нашите деца што би можела да ја посакам. Нејзината поддршка и љубов, како и љубовта на моето семејство, ми дадоа голема сила и стабилност да постигнам историска сезона. Благодарен сум и на мојот тим за нивната посветеност и залагање. Им честитам затоа што ова е нивен успех колку и мој. Уште една феноменална сезона која ни даде многу феноменални моменти кои предизвикаа неизмерни морници и радост. Еден од тие моменти за мене беше пречекот пред Собранието со нашите кошаркарски шампиони. Патувањето продолжува во 2024 година. Се радувам на новите предизвици. Само напред и одиме„ – напиша Новак Ѓоковиќ во емотивната порака.
View this post on Instagram
Новак Ѓоковиќ со семејството е во Марбела каде ќе одмара до егзибицискиот меч со Карлос Алкараз на 27 декември во Саудиска Арабија.