Забрана за камиони на патот Маврово-Дебар

Врнежи од снег има во Маврово и на планиските премини Стража, Буково и Ѓавато.

243

Од 07.00 часот изутрина поради врнежи од снег е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Врнежи од снег има во Маврово и на планиските премини Стража, Буково и Ѓавато.






Сообраќајот во останатиот дел се одвива непречено по претежно суви коловози.

Оттаму потсетуваат на законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани содржини