ЗАБРАНА ЗА АВТОБУСИ НА ПАТОТ ТЕТОВО-ШАПКА Автомобилите мора да имаат синџири

88

Поради обилни врнежи од снег на патниот правец Тетово – Попова Шапка утрово од 09:25 часот е воведена забрана за сообраќај за автобуси, соопшти АМСМ.

Сообраќајот со леки коли е дозволен со задолжителна зимска опрема (синџири).






Претходно, АМСМ соопшти дека изутрина во 5.15 часот е воведена забрана за камиони на патот Струга – ГП Ќафасан. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Куманово, Страцин, Крушево, Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека.

Од 10 часот на граничниот премин Ники (Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила, која ќе трае во наредните 48 часа заклучно со 10 јануари во 10 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек.

Поврзани содржини