ЗАБОРАВЕТЕ НА ВОНЗЕМЈАНИТЕ, ВИРОИДИТЕ ГИ ИЗГРАДИЈА ПИРАМИДИТЕ „Обелисци“ пронајдени во вашиот измет

Научниците во ова истражување ги претставиле „обелисците“, нова класа на вироиди, кои ги откриле во човековите црева и уста. Нашле 29.960 примери за вироиди. Ги нарекле „обелисци“ поради формата на нивната секундарна молекуларна структура.

727

Тим од научници открил класа ентитети слични на вируси кои никогаш досега не се видени, а се кријат во човековите црева и уста. Овие вироиди ѝ влијаат на генетската активност на човековиот микробиом, објави „Сајнс“.

Вироидите се мали парчиња РНК и првенствено заразуваат растенија. Се разликуваат од РНК вирусите на неколку начини. Немаат заштитна обвивка. Нивната РНК нема инструкции за градење протеини, а вирусите имаат инструкции за нивните надворешни обвивки и за некои ензими кои треба да ги реплицираат. Според неодамнешните студии, вироидите можеби заразуваат и фунги, бактерии и животни.






Научниците во ова истражување ги претставиле „обелисците“, нова класа на вироиди, кои ги откриле во човековите црева и уста. Нашле 29.960 примери за вироиди. Ги нарекле „обелисци“ поради формата на нивната секундарна молекуларна структура. Откриле дека „обелисците“ ги има во цревниите бактерии и во фецесот. Истражувачите го потврдија домаќинот на овие вироиди, нормална бактерија во устата наречена Streptococcus sanguinis. Повеќе бактерии можеби се домаќини на вирусот.

Сѐ уште не се знае како овие вироиди влијаат на човековото здравје иако можеби влијаат на човековиот микробиом бидејќи барем некои од нив заразуваат бактерии. Досега не се знае дали вирусите еволуирале од вироидите или вироидите еволуирале од вирусите.

Поврзани содржини