ЗАБОРАВЕТЕ НА ВАКОВ ЖИВОТ, ЌЕ ЖИВЕЕТЕ ВО РАДИЈАЦИЈА! Медведев се заканува со нуклеарен Армагедон
Во авторски текст за рускиот весник „Известија“ Медведев користи апокалиптична реторика за да го одврати НАТО и неговите сојузници од намерите да ѝ помогнат на Украина со испраќање оружје што ѝ е потребно за да се одбрани од руската инвазија.
Испораката на западно оружје за Киев може да доведе до глобална нуклеарна катастрофа – изјави денеска Дмитриј Медведев, поранешниот руски претседател и близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин.
Во авторски текст за рускиот весник „Известија“ Медведев користи апокалиптична реторика за да го одврати НАТО и неговите сојузници од намерите да ѝ помогнат на Украина со испраќање оружје што ѝ е потребно за да се одбрани од руската инвазија.
Медведев, инаку заменик претседател на рускиот Совет за безбедност, ја опиша битката во Украина како егзистенцијална битка за опстанок на Русија и рускиот народ.
– Се разбира, испраќањето оружје може да продолжи и со тоа да се спречи секаква можност за заживување на преговорите. Токму тоа го прават нашите непријатели. Тие не сакаат да сфатат дека нивните цели сигурно ќе доведат до целосно фијаско. Колапс, Апокалипса во која можете да заборавите на своите поранешни животи, сè додека урнатините не престанат да емитираат радијација – се заканува Медведев.