Заболени од ковид-19 ги напуштаат романските болници по одлука на Уставниот суд

Судот пресуди дека хоспитализирање и карантинирање лица без или само со благи симптоми на ковид-19 ги ​​крши нивните основни права и тоа не може да се направи само со владин декрет.

712

Стотици романски пациенти заразени со новиот коронавирус ги напуштија болниците по судската одлука против задолжително хоспитализирање, откако Парламентот одлучи да донесе нов закон со кој се наметнува изолација, во време на пораст на инфекции.

Пратениците гласаа за новиот закон што предвидува кога луѓето можат да бидат ставени во карантин или да се бара самоизолација.






Законот им дозволува на оние во карантин да ја оспорат одлуката на суд.

– Го донесуваме овој закон, кој ќе ограничи некои права и слободи, но го правиме тоа за да заштитиме животи –  рече Јоан Купса, пратеник од владејачката Либерална партија.

Одлуката на Парламентот уследи по пресудата на Уставниот суд, која стапи на сила минатата недела.

Судот пресуди дека хоспитализирање и карантинирање лица без или само со благи симптоми на ковид-19 ги ​​крши нивните основни права и тоа не може да се направи само со владин декрет.

– Како резултат на одлуката, 624 пациенти кои се тестирале позитивно за коронавирус, побарале да ги напуштат болниците и сега ризикуваат да ја пренесат болеста во нивните заедници. Покрај тоа, повеќе од половина од 50.000 лица подложени на задолжителна самоизолација по враќањето од странство ги напуштија своите домови прекршувајќи ги препораките на лекарите – рече министерот за здравство Нелу Татару.

Поврзани содржини