СЕ ЗАБИЛ ВО СТАТИВА СО „ОПЕЛ АСТРА“ Жител на село во Центар Жупа повредил малолетно лице
Б.А. на 23 минатиот месец во 21:50 часот, со патничко возило „Опел Астра“, влегол во училиштен двор, каде имало повеќе деца и удрил во статива на спортското игралиште. Според портпаролот на СВР Охрид, стативата се поместила и притоа повредила едно малолетно лице од Пешкопеја, Република Албанија.
Против жител на селото Голем Папрадник, општина Центар Жупа, поднесена е кривична пријава за „предизвикување општа опасност“.
– Одделението за внатрешни работи – Дебар, кое со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа, поднесе кривична пријава против Б.А.(20) од селото Голем Папрадник, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „предизвикување општа опасност” – информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работици – Охрид.
Додава дека Б.А. на 23 минатиот месец во 21:50 часот, со патничко возило „Опел Астра“, влегол во училиштен двор, каде имало повеќе деца и удрил во статива на спортското игралиште.
Според Димоски, стативата се поместила и притоа повредила едно малолетно лице од Пешкопеја, Република Албанија.