ЗА ЖАЛЕЊЕ СТЕ! Сестрата на Ким Јонг Ун испрати предупредувачка порака до Јужна Кореја
Ким Јо Јонг испратила порака до Мин Џае Ин дека таквите негови изјави се нелогични и за жалење, како и дека можат да наштетат на односите помеѓу двете земји, објавија севернокорејските медиуми.
Изјавата на јужнокорејскиот претседател Мин Џае Ин, кој рече дека новите ракетни системи на Сеул можат да ги одвратат севернокорејските напади, многу ја налутиле сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун.
Имено, Ким Јо Јонг испратила порака до Мин Џае Ин дека таквите негови изјави се нелогични и за жалење, како и дека можат да наштетат на односите помеѓу двете земји, објавија севернокорејските медиуми.
Сестрата на Ким Јонг Ун рекла дека изјавите на Мун, при тестирањето на балистичките ракети на новата јужнокорејска подморница, се „непримерни” и дека можат да доведат до прекин на врските, доколку Мун продолжи да ја „клевети” Северна Кореја, го пренесува „Reuters” пишувањето на новинската агенција „KCNA” од Пјонгјанг.
Јужна Кореја тестирала балистичка ракета лансирана од подморница и станала првата земја без нуклеарно оружје која развила ваков ракетен систем.