ЗА ВМРО-ДПМНЕ МЕРКИТЕ НА ФИЛИПЧЕ СЕ КЛАСИЧЕН ФАШИЗАМ Секој граѓанин има право на избор

Новите мерки на Владата се класично лудило народски кажано, само вакцинираните смеат да живеат нормално, а оние коишто прележале коронавирус и имаат доволно антитела или пак оние коишто немаат примено вакцина, не смеат да живеат нормално како другите односно вакцинираните граѓани.

295

Мерките коишто ги воведуваат Зоран Заев и Венко Филипче се класичен фашизам. Никој не смее никому да ограничува право на движење и живеење, само затоа што така им текнало на Зоран Заев и Венко Филипче, рече на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција.

– Настрана од сѐ , ние повторно апелираме граѓаните да се вакцинираат за да се заштитат себеси од коронавирусот, но не може по ниедна цена Зоран Заев и Венко Филипче да ги дискриминираат и на еден фашисоиден начин да ги третираат оние луѓе коишто не се вакцинирани. Новите мерки на Владата се класично лудило народски кажано, само вакцинираните смеат да живеат нормално, а оние коишто прележале коронавирус и имаат доволно антитела или пак оние коишто немаат примено вакцина, не смеат да живеат нормално како другите односно вакцинираните граѓани. Фашистичка Влада којашто се движи кон нејзиниот крај. Од прв ден на појавување на корона вирусот во Република Македонија, па сѐдо денес, секоја една мерка што ја воведе Владата е промашена и неефикасна, и тоа се виде на дело и за тоа имаме 5.500 починати од корона вирусот, и урнисан економски систем – вели Арсовски.






Тој оцени дека со оваа Влада системот одамна не функционира и дека граѓаните се оставени сами на себе. А, нефункционални мерки од типот – само вакцинираните смеат да живеат ја води државата кон нова пропаст. Оваа Влада нема никаква идеја за справување со коронавирусот, но имаат стотици идеи за дискриминирање на граѓаните.

– Секој, ама баш секој еден граѓанин во Република Македонија има право на избор и тоа право на избор не може и не само што не може, не смее да му го одземе ниту Зоран Заев, ниту Венко Филипче. И повторно апелираме, граѓаните да требаат да се вакцинираат и да се заштитат, бидејќи никој нема да ги заштити друг, но исто така апелираме и до Владата и до Венко Филипче како совесен лекар, ако е совесен лекар, како Зоран Заев ако е совесен премиер, а не е, да не ги дискриминираат граѓаните, да не ги дискриминираат и оние коишто имаат доволно антитела, а не се вакцинирани или оние што воопшто не се вакцинирани. Фашисоидните политики секогаш воделе кон пропаст – вели Арсовски.

Поврзани содржини