За влез во Германија задолжително тестирање на ковид-19 за патниците од земјите со висок ризик

Досега, патниците од земјите со висок ризик мораа да се самоизолираат 14 дена, иако мерката тешко се спроведуваше. Институтот Роберт Кох, германската агенција за контрола на болести, во моментов за ризични ги смета повеќето странски земји.

398

Патниците што влегуваат во Германија од земји со висок ризик мораат да се тестираат за коронавирус на аеродромите, одлучија германските државни министри за здравство.

Министрите денеска одржаа онлајн состанок на кој се договорија за задолжителните тестови.






Досега, патниците од земјите со висок ризик мораа да се самоизолираат 14 дена, иако мерката тешко се спроведуваше. Институтот Роберт Кох, германската агенција за контрола на болести, во моментов за ризични ги смета повеќето странски земји.

Луѓето кои влегуваат во Германија од земји со низок ризик, како Франција, Шпанија, Грција и поголемиот дел од ЕУ, не би требало да се тестираат според новиот правилник.

Поврзани содржини