За вечера со Том Брејди платил 800.000 долари

796

Познатиот американски јутубер, Логан Тиртијакр (25) победи на хуманитарна аукција плаќајќи дури 800.000 долари за да може да вечера ѕвездата на американскиот фудбал Том Брејди (42).

Легендарниот квортербек на 15 април ја започна хуманитарната кампања „All In Challenge“ со цел да се соберат парични средства за храна на сиромашните семејства погодени од пандемијата на ковид-19.






„All In Challenge“ што го освои Тиртијакр вклучува билети за првиот натпревар на Брејди со новата екипа Тампа Беј, неговиот дрес, како и вечера.

– Бев подготвен да платам и до два милиони долари – рекол Тиртијакр за „ТМЗ Спорт“.

– Одвај чекам да се запознам со еден од моите идоли – додало момчето кое направи богатство од своите куклени сцени кои се засновани на аркадната игра Супер Марио брадрс.

Брејди е најуспешниот квортербек во НФЛ на сите времиња. Во текот на досегашната 20-годишна кариера во НФЛ, Брејди со Њу Ингланд патриотс, под водство на тренерот со хрватско потекло, Бил Беличич, имаат освоено шест шампионски титули, четири пати беше прогласен за најдобар играч на Супербол, а уште три пати го освои трофејот за најкорисен играч на сезоната.

На средината на март, тој стана нов играч на Тампа Беј Буканерс.

 

 

Поврзани содржини