ЗА УТРЕ, ОБЕЗБЕДЕНИ СЕ АВИОНИ, ЛУЃЕ И ХЕЛИКОПТЕРИ Јанчев по денешната координација со градоначалникот на Неготино

Одржан е координативниот состанок на градоначалниците на Кавадарци и на Неготино како и со Стојанче Ангелов од ЦУК, и командирите на ТППЕ Кавадарци и Неготино и ЈП Комуналец од Кавадарци и Неготино,.

914

За утре рано наутро покрај луѓе се обезбедени 2 авиона, 3 хеликоптери, 6 цистерни, 5 големи булдожери, 3 багери и една утоварна, со цел поголема ефикасност во гаснењето на пожарот во неготинско, објави градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев на ФБ.

Објавата е по координативниот состанок на градоначалникот на Неготино и Стојанче Ангелов од ЦУК, како и командирите на ТППЕ Кавадарци и Неготино и ЈП Комуналец од Кавадарци и Неготино,.






Градоначалникот Митко Јанчев заедно со градоначалникот на општина Неготино и Противпожарната единица Кавадарци, денеска беа на терен на Серта и Војшанци  каде што се шири пожарот.

Јанчев информира и дека е локализиран пожарот кај село Трстеник.

Поврзани содржини