ЗА ТУФЕГЏИЌ СНИМКАТА СО ЛОПАТАТА ДОКАЖУВА ДЕКА ТАТКОТО НА ВАЊА НЕ Е ПОВРЗАН СО ГРАБНУВАЊЕТО Бранителот на таткото вели дека ќе достави докази и за имотот на Ѓорчевски
Оваа секвенца е испуштена минатиот пат кога е презентиран овој доказ и затоа одбраната бараше ова да биде и наш доказ. Веќе се добиваат јасно контури на сторителите на убиството и се исклучува било каква инволвираност по однос на изнуда и користољубие, односно целосно се исклучува улогата на таткото во овој настан, изјави бранителот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегчиќ, на денешното рочиште.
Снимката со лопата е доказ кој е предложен и од моја страна и со која се докажува дека на 24 ноември 2023 година враќањето на Манев и Видевски за да ја земат лопатата, а тоа е денот на неупешниот обид за грабнување, исклучува било каква улога на таткото во овој случај и оти сторителите имале јасна цел за егзекуција на личноста која е подоцна и грабната од зградата, објасни денеска бранителот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегчиќ.
– Оваа секвенца е испуштена минатиот пат кога е презентиран овој доказ и затоа одбраната бараше ова да биде и наш доказ. Веќе се добиваат јасно контури на сторителите на убиството и се исклучува било каква инволвираност по однос на изнуда и користољубие, односно целосно се исклучува улогата на таткото во овој настан. Во дополнението на доказна постапка ќе доставам докази за имот на Александар и постапка која се води за денационализација за значителен имот во Кучково – објасни Туфегџиќ.