ЗА СТРАШНАТА ТРАГЕДИЈА СЛУШНА СВЕТОТ Сите светски и регионални медиуми пренесоа за синоќешниот пожар

Регионалните и светските медиуми известија за пожарот во модуларната ковид болница во Тетово, кој зеде 10 жртви, иако од Владата известија дека бројот може да биде и поголем.

981

Сите медиуми во регионот, но и во светот известуваат за страшната несреќа која се случи во тетовската ковид болница, каде животот го загубија 14 пациенти.

Регионалните медиуми јавуваат дека 14 жртви настрадале во пожарот во Тетово, со оглед на тоа што има информации дека синоќа на Институтот за судска медицина биле донесени тела на 14 жртви. Освен регионалните, пренесоа и светските медиуми како Би-Би-Си, Ал Џезира, Свисинфо.






Министерот Филипче синоќа соопшти дека се потврдени 10 жртви. Од синоќешното заседавање на Кризниот штаб, не беа дадени изјави, а денеска има владина седница во 10 часот.

Сашо Трајчевски, заменик командирот на Пожарната во Тетово, по случувањето даде потресна изјава каде вели дека сè било во пламен и сите ги ставиле во ризик своите животи.

– Повикот за пожарот беше во 21.02 минути. Излеговме веднаш, со 7 возила и 30 пожарникари. Од сите страни беше блокирано, додека се гасеше, се вадеа мртви, може некои луѓе беа и живи. Сѐ беше во пламен. Ги ризикувавме и своите животи. Имаше експлозии, пожарот брзо се ширеше. Во 21.45 е ликвидиран пожарот комплетно. Вадевме луѓе со кревети – изјави Трајчевски.

Поврзани содржини