ЗА СРЕЌА, ГО ИМАЛЕ ВИСТИНСКИОТ ЧОВЕК Пожарникар-пчелар безбедно отстрани пчелно гнездо од двор на градинка во Струмица

Пчелите биле забележани од родители кои ги носат секојдневно децата во градинката и побарале тие да бидат отстранети.

418

Струмичките пожарникари денеска отстранија гнездо пчели од дрво на влез во детска градинка во Струмица на улицата Жртви на фашизмот.

Според информацијата од ТППЕ Струмица, граѓани го пријавиле овој несекојдневен случај, а поради локацијата каде се стационарале пчелите биле преземени мерки за нивно отстранување.






– Гнездото пчели е безбедно отстрането, благодарение на наш пожарникар-пчелар, кој со пчеларска опрема го отстрани гнездото. Тие се вдомени во петорамен нуклеус и се однесени во приватен пчеларник – информираше командирот на ТППЕ Струмица Александар Гудев.

Инаку, пчелите биле забележани од граѓани кои ги носат секојдневно децата во градинката и по создадените услови пчелите биле безбедно отстранети.

Поврзани содржини