ЗА СКЕНИРАНИ СМЕТКИ ЌЕ СЕ ВРАЌААТ 2.100 НАМЕСТО 1.800 ДЕНАРИ Владата одлучи да го зголеми тримесечниот поврат на ДДВ

406

Граѓаните кои скенираат кодови на сметки на апликацијата „Мој ДДВ“ ќе добиваат поврат од 2.100 денари за три месеци, а не 1.800, како што беше досега. Ова  го одлучи Владата на последната седница одобрувајќи предлог за изменување и дополнување на постојниот Закон за враќање на дел од данокот.

Мерката „Мој ДДВ“ започна да се применува во 2019 година со истоимената апликација на телефон која можат да ја користат сите граѓани кои имаат наполнети 15 години и кои се регистрирани на системот на УЈП. Во моментот мерката предвидува враќање на 15 отсто од сумата на ДДВ-то кое е наплатено на секоја фискална сметка која ќе биде скенирана.

Поврзани содржини