🎥 ЗА САШО ОРДАНОВСКИ ТРАМП Е РЕКЕТАР И НЕОНАЦИСТ, КОЈ ТРЕСЕ ГЛУПОСТИ И ЛАЖЕ Ниеден американски претседател не бил вака навредуван на македонска телевизија
„Путин за Трамп е како гуру, тој е комплетно на страната на Путин“, изјави аналитичарот Сашо Ордановски во интервју за Канал 5. „На етничките Македонци толку им сече“, додаде аналитичарот кој важи за човек со блиски односи со американски дипломати. Водителот Гоце Михајловски, уредник на Канал 5, неговите изјави ги проследи со кус коментар: „Одлично, одлично!“
Во шокантното интервју на телевизија Канал 5 во четвртокот, новинарот и аналитичар Сашо Ордановски, човек кој секогап имал блиски контакти со американски дипломати и за кого можело да се каже било што освен дека е антиамерикански настроен, жестоко се нафрли врз американскиот претседател Доналд Трамп.
Паметиме многу јавни настапи во кои се критикувани американската политика и американски политичари, но ниту еден американски претседател до сега не бил навредуван на македонска телевизија и во било кој друг македонски медиум, како што синоќа беше навредуван Доналд Трамп, претседателот на земјата која се смета за најважниот стратешки партнер на Македонија, во интервју за националната телевизија Канал 5.
Ова е кус и нецелосен попис на оценките на Сашо Ордановски за претседателот на САД:
– Релативно лошо образован човек со мали културолошки познавања од светот и од историјата;
– Трамп е тотална тапа;
– Трамп е исклучително нарцисоиден;
– Трамп на еден најрекетарски начин се обидува да се наплати со многу повеќе стотици милијарди евра отколку што помогнал;
– Трамп мисли дека тоа е шоу програма во која тој тресе глупости, лаже и дека тоа нема последици;
– Путин за Трамп е како гуру;
– Путин го има намачкано Трамп како путер на леб;
– Трамп е веќе комплетно на страната на Путин;
– Тој, Илон Маск и неговите се со реторика која многу накликува на неонацизам;
– Трамп е на страната на злото;
– Да не е жена му Словенка, он и не знае кај е Балканот.
Ордановски не го штеди и Илон Маск, за кој вели дека е расист, а не ги штеди и Македонците (нагласува, етничките Македонци), за кои вели дека „толку им сече“.
Интересно е дека водителот и уредник на Канал 5, Гоце Михајловски, шокантниот настап на Ордановски го проследи со коментарот: „Одлично, одлично“.
Погледнете исечок од ова интервју, преземено од ФБ страницата на Богдан Илиевски: