ЗА САМО 40 ГОДИНИ БРОЈОТ НА СТОГОДИШНИЦИ ВО ЈАПОНИЈА СЕ ЗГОЛЕМИ ОД 1.000 НА 90.000 Која е тајната на нивната долговечност?

Кај Јапонците на подоцнежна возраст е поизразен стравот да не бидат товар, отколку стравот од смртта. Стравот од мејваку (meiwaku), што во слободен превод значи „да се биде товар“, им е вграден уште од мали нозе, па кога им треба помош во постарите денови, тешко ја прифаќаат. Дури 70 отсто од луѓето на возраст од 60 до 70 години, како и 50 отсто од оние над 70 години, продолжуваат да работат на работното место или да се занимаваат со волонтирање.

272

Еден од 1.500 луѓе во Јапонија, земја со 125 милиони жители, има 100 или повеќе од сто години. Неверојатна информација што ги интригира научниците ширум светот, особено што бројот на долговечни и доста витални жители на земјата на изгрејсонцето постојано се зголемува.

На почетокот на септември годинава беа објавени најновите податоци: дури 90.526 лица се постари од 100 години. Повеќето од нив се жени, 88 отсто од нив, но и бројот на стогодишници од машки пол за прв пат надмина 10.000. Споредено со минатата година, таа бројка е поголема за пет отсто, споредено со 2020 година, земјата доби 5.000 нови стогодишници, а кога првпат беа објавени овие податоци, во 1963 година, имаше само 153. Не толку одамна во 1981 година имаше само 1000 стогодишници…






Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини