ЗА ПРОВОКАЦИЈАТА СО ЛАКТОТ Мицкоски бара Заев да запре со сексистички напади

1,735

Доста е од Зоран Заев во политиката и се што овој човек донесе на политичката сцена. Доста е од политика која ја сведува во броење на кеш и квадрати, порача Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот митинг пред граѓаните во општина Петровец.

Мицкоски му одговори на Заев дека таквите како него на факултет ги нарекувале повторувачи, односно како што рече, затоа што толку им е знаењето, додавајќи дека е Заев е нервозен и му гори под нозе затоа што никој веќе не верува во неговите глупости.






– Вчера го слушам ми дава на митинг некакви оценки, се расфрла со напишани фрази, прави потези со лактови, до душа го заборави да го каже она „мало сутра“, ама изгледа не му го напишале, па го пропушти, ги омаловажува противниците, бидејќи нема што друго да каже. Доста е од потпросечни политичари, од примитивно ниво на комуникација, од сексистички напади, од непочит кон се што мисли различно. Доста е од Зоран Заев во политиката и се што овој човек донесе на политичката сцена. Доста е од политика која ја сведува во броење на кеш и квадрати – побара Мицкоски.

Поврзани содржини