ЗА ПОЛОВИНА ЧАС РАСПРОДАДЕНИ БИЛЕТИТЕ ЗА ОТВОРАЊЕТО НА МАЈСКИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ Погледнете го репертоарот
Билетите за отворањето на 54. издание на Мајските оперски вечери, кое ќе се одржи на 9 мај, 2026 година се распродадоа за само 30 минути, потврдувајќи го огромниот интерес и најавувајќи издание што веќе се смета за едно од најважните досега, соопшти Националната опера и балет.
Овогодишното издание носи репертоар што ја поврзува традицијата со современата уметничка визија. Од драматичната моќ на „Риголето“, преку интензитетот на „Тоска“, до длабоката емоција на „Мадам Батерфлај“, потоа елеганцијата и трагедијата во „Травијата“, и завршувајќи со спектакуларното финале „Набуко“, секоја вечер е дел од внимателно креирана приказна што ќе го заокружи месец мај.
Погледнете го комплетниот репертоар и обезбедете билети: https://operabalet.mk/events/list/