ЗА ПОБРЗ И ПОЕФИКАСЕН РАЗВОЈ НА ВАКЦИНАТА Во Лондон се бараат доброволци кои ќе бидат заразени со ковид-19 (ВИДЕО)

Имунолозите ширум светот се обидуваат точно да го одредат нивото на имунолошки одговор што вакцината мора да го предизвика за да се заштити од болеста.

451

Првото медицинско испитување во светот во кое е дозволено намерно изложување на субјекти на коронавирус бара волонтери за да развијат подобри вакцини.

Студијата на Универзитетот Оксфорд беше лансирана минатиот април, три месеци откако Велика Британија стана првата земја што одобри тестирања на луѓе со ковид-19.






Неговата прва фаза, која сè уште е во тек, се фокусира на откривање на количината на вирусот потребна за да предизвика инфекција, додека втората ќе има за цел да го одреди имунолошкиот одговор потребен за да се спречи инфекцијата, се вели во соопштението на Универзитетот.

Научниците се блиску до утврдување на најслабата можна вирусна инфекција која гарантира дека околу половина од луѓето изложени на него ќе добијат асимптоматски или благ ковид-19.

Тие потоа планираат да ги изложат доброволците – сите претходно природно инфицирани или вакцинирани, на таа доза од оригиналната варијанта на вирусот за да одредат кои нивоа на антитела или имунолошки Т-клетки се потребни за да се спречи инфекцијата.

– Тоа е имунолошки одговор што потоа треба да го зајакнеме со новата вакцина – рече Хелен Мекшејн, професорка на Универзитетот Оксфорд и водач на студијата.

Резултатите ќе помогнат да се направи идниот развој на вакцината многу побрз и поефикасен

Наодите од истражувањето ќе помогнат да се направи идниот развој на вакцината многу побрз и поефикасен, се вели во соопштението.

Имунолозите ширум светот се обидуваат точно да го одредат нивото на имунолошки одговор што вакцината мора да го предизвика за да се заштити од болеста.

Откако ќе се открие ова ниво, потребата за масовно тестирање на вакцините е значително намалена.

Научниците со децении користеа човечки експерименти за да развијат третмани против многу заразни болести, но ова е прва позната студија за ковид-19.

Негативната страна на истражувањето е ризикот по здравјето на волонтерите кои би можеле да страдаат од коронавирусот, но универзитетот ги презема сите мерки на претпазливост.

Испитаниците мора да бидат здрави и на возраст меѓу 18 и 30 години.

Тие ќе бидат ставени во карантин најмалку 17 дена, а секој што ќе развие симптоми ќе го добие лекот Регенерон – моноклонални антитела на Ронапрева.

Поврзани содржини