За петмина кумановци кои го прекршиле полицискиот час глоба од 1.000 евра, а за штипјанец 2.000 евра

338

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка за пет лица за прекршување на полициски час.

– Обвинетите во одделни кривично правни настани, се товарат дека за време на полицискиот час, се движеле низ Куманово пеш или со возило. Со тие дејствија не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена како мерка за сузбивање и спречување на заразната болест Ковид-19, соопштија од ОЈО.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово побарал од Судот на обвинетите за стореното кривично дело да им изрече парична казна во износ од по 1.000 евра во денарска противвредност.​​

Основното јавно обвинителство Штип поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице кое го сторило кривичното дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти ЈОРМ, лицето се товари дека на 30 март 2020 година, управувало возило низ градот Штип иако во сила била забраната за движење на населението на територијата на Република Северна Македонија.

Обвинителството, се додава, предложи на Судот, на обвинетиот да му биде изречена парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска противвредност.​

Поврзани содржини