ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПО 5.000 НАМЕСТО 2.500 ДЕНАРИ Герасимовски ветува зголемување на еднократната парична помош

Покрај тоа, го реализираме и нивното барање и ќе изградиме дом за стари лица во Центар - се вели во соопштението од неговиот изборен штаб.

433

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник Горан Герасимовски ветува дека, доколку добие уште еден мандат, од следната година еднократната парична помош за пензионерите, што ја доделува Општината, ќе се зголеми од 2.500 на 5.000 денари.

„Двојно ја зголемуваме еднократната парична помош, од 2.500 на 5.000 денари за пензионерите чии пензии се до висина на просечната пензија. Покрај тоа, го реализираме и нивното барање и ќе изградиме дом за стари лица во Центар. Нашите баби и дедовци заслужуваат да живеат посреќно, за Центар што го сакаме“, се вели во соопштението од неговиот изборен штаб.






Домот за стари лица е предвидено да се изгради на Водно и ќе има капацитет за 50 лица, по европски стандарди, со 24 часовна медицинска помош, а ќе продолжат и бесплатните еднодневни екскурзии низ Македонија за да им се овозможи на сениорите дружење и рекреација, се вели во информацијата.

Поврзани содржини