ЗА НЕКОИ ЛУЃЕ СМРТТА Е САМО ВАУЧЕР ЗА ВО ВЕЧНОСТА Игор објави фотографија од венчавката на своите родители (ФОТО)
Актерот и шоумен Игор Џамбазов со многу емоции се присетува на своите родители
Пред девет дена Македонија се прости од легенадарниот диригент и композитор Александар Џамбазов, кој почина на 85-годишна возраст.
Актерот и шоумен Игор Џамбазов со многу емоции се присетува на своите родители, објавувајќи фотографии од нив, а сега објави емотивна фотографија од венчавката на Анче и Александар Џамбазови на својот профил на Инстаграм.
„За некои луѓе, смртта е само ваучер за во вечноста…“, напиша Игор во описот на фотографијата.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм