ЗА МЕНЕ МЕДАЛОТ Е ЗЛАТЕН Тренерот на Силекс зборува за мечот со Македонија ЃП
Во македонскиот фудбал генерално за клубовите, имаше правило да играат играчи до 21 година, верувајте дека и таму играат квалитет, но кога барате да играат играчи до 21 година, треба да им се даде шанса и во репрезентацијата. Тие играчи се перспективата и треба да се води сметка какви странци има во нашата лига.
Тренерот на Силекс, Горазд Михајлов после Куп финалето во кое неговиот тим загуби на пенали од Македонија ЃП, кажа дека е задоволен од играта на својот тим и дека е горд на момците, пишува Екипа.
Тој напомена дека добиениот медал е сребрен, но за него тој е со златен сјај, поради играта која ја прикажале неговите играчи.
– Тешко е да се зборува после пенали, пеналите се лотарија, но тоа што го замислував како ќе оди натпреварот, беше така. Ја имавме најзрелата шанса и не ја искористивме. Но, мораме да бидеме задоволни од ова што го направивме. Честитки на Македонија ЃП за трофејот, беа посреќни во тој пенал рулет. Сите натпревари ги минаа на пенали и во ова финале среќата беше наклонета кон нив. Можам да кажам дека овој медал што го држам е сребрен, но е со златен сјај. Затоа што покажав и докажав со Силекс, да играме во прва лига, во финале. Некогаш се губат мечеви, но денеска тоа го направив одлично во тактичкиот дел, а пеналите се рулет. Ни претстои одмор, и момците ќе го искористат максимално, а потоа не очекува настап во Прва лига – рече Михајлов.
Михајлов го коментираше македонскиот фудбал во целина и сметаше дека треба да се форсираат млади домашни играчи, и да се обрати внимание на какви странци се ангажираат во клубовите.
– Некогаш на вакви натпревари влогот е голем за двата тима. Во македонскиот фудбал генерално за клубовите, имаше правило да играат играчи до 21 година, верувајте дека и таму играат квалитет, но кога барате да играат играчи до 21 година, треба да им се даде шанса и во репрезентацијата. Тие играчи се перспективата, и треба да се води сметка какви странци има во нашата лига. Треба да удриме акцент на нашите млади играчи, а странците треба да ја прават таа разлика – вели стратегот на Силекс.