ЗА КУБЕЊЕ КОСА – 4 ГОДИНИ, А ЗА ГОРЕЊЕ 14 ЖИВИ ЛУЃЕ – 1,5 ГОДИНИ ЗАТВОР Тоа е судството отворено како пупка што го создаде СДСМ, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Судството под команда на СДСМ и ДУИ, даде вкупно 3 години затвор, за 14 живи изгорени луѓе во модуларната во Тетово. По 1,5 година за двајца директори на Тетовската болница, а Венко Филипче не беше повикан ниту на информативен разговор, истакна Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

248

ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција обвини дека за време на владеењето на СДСМ за „кубење коса“ биле досудени 4 години затвор, додека за горење на 14 живи луѓе – 1,5 година. Прес-конференцијата на Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ ви ја пренесуваме во целост.

– За горење на 14 живи луѓе – 1,5 година, за кубење коса – 4 години затвор, тоа е судството отворено како пупка што го создаде СДСМ. Судството под команда на СДСМ и ДУИ, даде вкупно 3 години затвор, за 14 живи изгорени луѓе во модуларната во Тетово. По 1,5 година за двајца директори на Тетовската болница, а Венко Филипче не беше повикан ниту на информативен разговор. За губење на човечки животи казни како за прекршок, а за кубење коса се добива и до 4 години затвор. Апсурд кој постои само во судството под диктат на СДСМ и ДУИ. Судиите со 2% доверба ја оправдуваат својата послушност кон СДСМ и ДУИ, а криминалците се шетаат слободни. Народот останува без правда. Во нормална држава, Филипче одамна ќе беше зад решетки. Кај нас, тој сега води партија и ветува подобар живот за сите, а претходно за жал, 14 животи  скрати, поради 20% анекс на договор. Ова е судството на СДСМ. Одгворност за нивни членови, нема. Време е за вистински реформи и одговорност – истакна Андоновска.

Поврзани содржини